Земените примероци од храна биле во ред, а од земените брисеви само во едно училиште лабораториските тестирања детекирале незадоволителни резултати.
За нерегистрираната кујна, како што соопшти денеска АХВ, изречена е прекршочна санкција и наредено е итно регистрирање.
Издадени се и решенија со мерки за отстранување на недостатоците утврдени во четирите училишни кујни каде биле оштетени работните површини.
“Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување на вонредни инспекциски контроли кај операторите со храна на територијата на цела држава, со акцент контролите во кујните во училиштата и установите каде се згрижуваат граѓани од ранливите категории, каде контролите ќе се спроведуваат континуирано“, се наведува во соопштението.