„Државната изборна комисија во континуитет работи на овие прашања и за таа цел ја донесе ИКТ Стратегијата на Државната изборна комисија со Акциски план и формираше Меѓуинституционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици, кое е во постојана кооординација за сите прашања во однос на безбедноста на податоците и заштитата од хакерски напади“, изјавија од ДИК за МИА.
Пред неколку дена повторно имаше хакерски напади во некои институции и во јавноста се отвори прашањето за заштита на личните податоци на избирачките и заштита од хакерски напади на ДИК имајќи ги предвид претстојните претседателски (28 април) и парламентарни избори (8 мај)