Новинарот Лука Момблано ноќеска соопшти трансфер бомба, Антонио Конте ќе го наследи Стефано Пиоли на клупата на Милан по крајот на сезоната.
Златан Ибрахимовиќ подолго време бил во контакт со Антонио Конте и го убедил стратегот да го превземе кормилото на „росонерите“, постигнат е вербален договор за соработка.
Двајцата веќе ги дискутирале трансфер плановите за сезоната 2024/25, и прво засилување ќе треба да биде фудбалер на Наполи, но во моментов не се открива неговото име.
Останува да се види колку има вистина во информациите кои ги пласираше Момблано, кој важи за новинар близок до Антонио Конте.