сабота, 2 ноември 2024

Конгресот на АА под водство на Таравари ќе носи одлука за коалицирање и за претседателските избори

На Конгресот на Алијанса за Албанците што вечерва го одржуваат приврзаниците на лидерот Арбен Таравари се очекува да донесе одлуки за коалицирање со опозицискиот Европски сојуз за промени и за кандидирање на лидерот за претстедателските избори. Таравари вели дека конгресот е легитимен и дека печатот на партијата е кај него и дека Конгресот е закажан според партискиот статут и донесените одлуки. Од друга страна, приврзаниците на претседателот на Централното собрание, Зијадин Села тврдат дека единствениот легитимен конгрес е тој закжан за недела.

Објавено на

часот

Сподели

„Конгресот е свикан заради две главни точки. Првата за да ја добијам поддршката од конгресот за да се кандидирам за претседател на државата и да почнеме да ги собираме потписите. Втората работа е да се потврди коалицијата што треба да се случи утре, а потоа ќе имаме уште една точка за статутарни измени на одредби кои очигледно беа злоупотребени изминатиов период“, рече Таравари вечерва пред почетокот на Конгрест.

Прашан што мисли за конгресот на поранешниот претседател на партијата Села, и претседател на партиското Собрание закажан за во недела, Таравари рече: „Ова е легитимниот конгрес“.

Според него, за да се свика собрание потребни се две третини од делегатите, а Села, тврди, немал ниту половина од нив. За тоа кого посакува за противкандидат од редовите на ДУИ, Таравари вели дека би сакал тоа да е претседателот на ДУИ Али Ахмети.

„Јас би го посакал Али Ахмети, но ќе ги почитувам и другите кандидати кои имаат поддршка од своите партии“, истакна Таравари.

Конгресот се одржува два дена пред конгресот што го закажа Села, а на кој ќе се бара одговорност и разрешување на Таравари поради неговата одлука да влезе во коалиција со Европскиот сојуз за промени. Таравари, пак, вчера ја објави својата кандидатура за претседател со поддршка од париите во ЕСП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ