Целта на настанот беше да се понуди платформа преку која сите членови на заедницата ќе разменат мислења, искуства и ќе учат едни од други. Kонференцијата се оддржа во просториите на „Јахја Кемал“ и ги поврза учесниците преку интерактивни сесии во разни форми, презентации, работилници, дебати и панел дискусии.
Конференцијата ја отвори директорот Ерденер Сунгу и ги сподели претстојните проекти и планови на училиштето. Следеше панел дискусија со истакнати жени од полето на бизнисот кои се навратија на нивните почетоци и предизвиците со коишто се соочиле.
Презентациите беа одлична можност да се дознае повеќе за светот зад сцената на големи настани од креативните индустрии, полето на сајбер безбедноста и тековните тинејџерски трендови. Ученици од осмо одделение дебатираа на мошне сериозната тема дали образовниот систем во Македонија треба да се реформира, по што следеше дискусија со публиката (родителите). Работилниците понудија практични техники за подобрување на концентрацијата и увид во врските на најзасегнатите луѓе во животот на тинејџерите.
Конференцијата заврши со квиз по општи знаења во којшто се натпреваруваа мешани тимови во духот на заедништвото и тимската работа што го дефинираше целиот настан.
„Навистина беше инспиративно да се види колку ефективно заедницата функционира во ваков формат. Иако ова беше само прво издание, ќе се потрудиме да го искористиме моментумот и конференцијата да продолжи да расте“, рекоа претставниците на „Јахја Кемал“.