недела, 22 декември 2024

Конечно набавен лек за три деца болни од ретката болест Ахондроплазија

Објавено на

часот

Сподели

„Со големо задоволство можам да информирам дека три храбри дечиња со ретка болест го добија потребниот лек кој ќе влијае на подобрување на нивниот квалитет на живот. Првпат со јавна набавка за обезбедување на лекови за ретки болести за 2023 година, набавен е лек за пациентите со ретка болест Ахондроплазија“, соопшти министерот преку Фејсбук.

Меџити информира дека лекот е испорачан на Универзитетската клиника за детски болести и е обезбеден за три пациенти, како што било побарано од самата клиника.

За набавка на лекот Восоритиде обезбедени се дополнителни 50 милиони денари во буџетот на Програмата за лекување на лица со ретки болести, вели Меџити.

Лекот е клучен за третманот на болеста и влијае на поттикнување на развојот на пациентите со Ахондроплазија, болест која се манифестира со џуџест раст, веднаш по раѓањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ