Во Скопје во утринските часови со врнежи од дожд, преку денот променливо облачно и ветровито. Ќе дува засилен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје облачно со врнежи од дожд и со слаб ветер од променлив правец. Дневните температури ќе се движат од 8 до 16 Целзиусови степени.