На програмата се дела од Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев… Ќе бидат читани стихови од Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов.
Како што е најавено, пред почетокот на концертот ќе се обрати министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Исто така, во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано” утре ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја” во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати” при МНР на Италија (АЦДМАЕ)