Валентина е манекенка пред сè од хоби, а за иднина има други планови, кои полека почнува да ги реализира.
Оваа убава девојка не мисли дека убавината е пресудна во животот, но се согласува дека има своја улога. Бидејќи немала никогаш проблеми со тежината, немала потреби ни од никакви диети. Игра тенис, спорт што најмногу го сака, и тоа е доволно за да ја задржи добрата форма.
„Прво што забележувам кај еден маж е карактерот“, вели таа, „карактерот секогаш го ставам на прво место.“
Најголемата поддршка секогаш ја имала од своите родители, кои знаат да ја ислушаат и да ѝ дадат разумен совет, кога ќе затреба.
[imagebrowser id=241]