сабота, 19 октомври 2024

Комшике убава: Маја Арангеловска

Објавено на

часот

Сподели

Убавата девојка од рекламата за Бучен Козјак–Куманово се вика Маја Арангеловска. Проверете колку е слатка и посебна.

Маја неодамна почна и професионално да се занимава со манекенството. За успех во животот смета дека убавината не е пресудна… „но убавината секако има свое влијание и луѓето што имаат природна убавина можеби на полесен начин би стигнале до целта поточно до успехот“, смета оваа преслатка девојка.

Нема омилена диета, односно не сака да држи диети. Сепак, внимава на исхраната и спортува, па така го одржува своето витко тело. Активно спортува веќе 8 години, многу време посветила на каратето кое до денес и е и хоби, иако има многу обврски па се труди што почесто да присуствува на тренинзите и да вежба.

„Физичкиот изглед не ми е пресуден кај мажот.. иако тоа е првото нешто што може да го забележиме. Но јас секогаш чекам да ја воспоставиме првата комуникација.

Всушност срцето, душата и мозокот се многу поважни. Сакам тој да е паметен, културен, да знае да почитува девојче, да биде комуникативен…“ – вели Маја.

Што се однесува до стилот, смета дека стилот е „индигото на човекот“.

„Секој човек на овој свет има свој стил кој ја презентира неговата внатрешност. Ако ја погледнеме гардеробата на луѓето кои ја носат може да забележиме дека дури и бојата ни покажува како тој се чувствува во моментот“, додава таа. За неа, човек со стил е оној кој има свој начин на однесување, свој начин на облекување и свој начин на комуникација.

Маја има 19 години, сè уште живее со своите родители, кои секојдневно ја советуваат за различни нешта. „Тоа се најчесто совети од типот… чувај се, пази, каде, што, како.. како и секој родител кој се грижи за своето дете“.

[imagebrowser id=187]

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ