Непосредна и мила, Ивана Стојанова внесе свежина на модната сцена. Веруваме дека наскоро ќе внесе исто таква свежина и на водителската сцена.
19-годишната Ивана Стојанова е родена во Шведска, но уште како мала е преселена во Радовиш. Својата убавина до сега ја потврди на неколку избори и ја закити со повеќе титули.
Јавноста ја запозна Ивана уште во 2009 година, кога оваа девојка почна да ја гради својата манекенска кариера, а имаше само 15 години. Истата година таа победи на модното шоу „Фешн стејџ“, на кое се пријавила случајно, по убедувањата на нејзините пријателки.
Оттогаш кариерата и тргна по нагорна линија. Неодамна ја претставуваше Македонија на Мис моторс интернешнал, настан кој традиционално се одржува во Италија, а од таму се врати со пласман меѓу 10-те најубави мисици.
Ивана студира на Високата школа за новинарство и односи со јавноста, па очекуваме набрзо да ја видиме и како лице од телевизискиот екран.
До тогаш, да ја видиме одблизу преку овие фотографии.
[imagebrowser id=108]