Откако ги собра сите можни титули за убавина во последниве две години, откако ни покажа и дека на интернационалните избори е меѓу првите пет, оваа 18-годишна скопјанка е подготвена да нишани многу подалеку. Елена ги има сите предиспозиции, освен убавината, за успех во странство – скромна, паметна девојка, англискиот јазик го зборува течно, елоквентна е и знае што сака.
Би било штета Елена да остане само наша убавица од комшилакот и да не тргне по стапките на Катарина Ивановска. Па како што нас, вака гледајќи ја, ни го разубавува денот, зошто да не се обиде да го разубави и светот?
[imagebrowser id=143]