сабота, 19 октомври 2024

Комшике убава: Дунавка Трифуновска

Објавено на

часот

Сподели

За неа амбицијата е мерка на образованието и работата. Оваа убавица магистрираше на Фармацевтскиот факултет, а сега го подготвува специјалистичкиот труд во истата област, но на белградскиот универзитет. Своето знаење Дунавка го вложува во семејниот бизнис, кој опстојува веќе три генерации.

„Убавината сама по себе не значи ништо. Убавите жени не се секогаш среќни. Но жената што е убава и умна е среќна. Убавината ми отвори многу врати надвор од мојата земја, но за да се успее, треба силен духовен капитал“, вели Дунавка.

Нејзината нега на здравјето е приоритетна. „Трикот за нега е плодот од една птица што се вика препелица, а според минералниот состав е идеален за секоја жена. Истиот екстракт е употребен и во новата пудра на Клиник“, вели убавата Дунавка, на која посетата на козметички салон ѝ е дел од секојдневието.

„Постот е дар од бога, тој е мој единствен прифатлив здрав концепт на живеење“, додава таа. Инаку, тоа што прво го забележува кај мажите е длабочината на очите – „оние што умеат да сакаат секогаш имаат длабок поглед“.

Дунавка ја сака гимнастиката, модерниот балет и уметничкото лизгање. Пред себе го има советот на татко си: „Чувај се, бидејќи самата си својот најдобар пријател“.

[imagebrowser id=230]

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ