Студира туристички менаџмент, зборува англиски и италијански јазик, а еден период од животот помина во Милано.
Висока (182 сантиметри) и згодна, со карактеристични зелени очи, Даниела ќе ве освои од прва. Вели дека секогаш е среќно вљубена и никогаш не е сама.
Ние ѝ посакуваме успешно завршување на студиите, а би било симпатично, во иднина, на главните туристички дестинации во земјава почесто да нè пресретнуваат токму вакви туристички менаџери.