Себе се опишува како мирна личност, воопшто не нишани на врвовите кои мораат да се освојат по секоја цена. Напротив. Оваа преслатка девојка смета дека не е се во убавината, иако во денешно време убавината делумно ги отвора вратите кон успехот. Александра редовно посетува козметички салони, еднаш месечно оди на маникир, а често оди и на масажа. Не експериментира со кремите, не ги менува често, вели дека моментално најмногу и одговараат оние од „Авон“. Совршената линија не ја одржува со никакви диети, освен што го избегнува белиот леб и слатките, а и ретко вечера. Момци, оваа убавица прво кај вас ја забележува насмевката, а потоа стилот! „Сакам мажи кои се грижат за себе. Стилот на еден човек покажува кој е, каков е и што е вродено во него. Но јас ги почитувам и другите стилови на луѓето“, вели Александра. Ги обожава спортовите, ужива додека плива, а хоби и е музиката. „Моите родители секогаш ме советувале да ги почитувам луѓето кои знаат да се извинат кога ќе погрешат“. Е ајде речете сега дека Александра не е прекрасна!
[imagebrowser id=304]