четврток, 6 февруари 2025

Комисија ќе ги преиспитува судските одлуки против Јованов, возачот што ја усмрти Фросина, одлучи Судскиот совет

Судскиот совет на денешната седница формира Комисија од тројца кои ќе ја испитуваат правилноста на пресудата на судијката Даниела Алексова Стојановска од Кривичниот суд, за возачот Васил Јованов за делото трговија со дрога. Јавноста реагираше на судиската одлука, полнолетниот Јованов, за продажба на марихуана и таблети наместо во затвор, да се испрати во поправен дом. Поради жалбената постапка, пресудата сега се наоѓа во второстепениот суд и осудениот никогаш не заминал на воспитување во Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Комисијата на Судскиот совет без да врши притисок на Апелациониот суд ќе треба да направи увид во предметот, изјави претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, до каде е со одлучување по истиот. Под лупа ќе биде ставена и пресудата на кривичниот судија Даниела Алескова Стојановска која последните денови беше поврзувана со партијата СДСМ и со членови на семејството на возачот Јованов.

Вчера од Основниот суд Скопје соопштија дека застануваат зад одлуката на судијката Алескова Стојановска оти била законска и повикаа да не се става на јавен линч поради други цели. Напротив, потенцираа дека Јавниот обвинител во Завршен збор побарал најдобра санкција бидејќи бил млад и неосудуван и потекнувал од современо семејство. Веднаш по сообраќајката во која загина младата Фросина, ОЈО го објави криминалното поведение на возачот кое се провлекувало неколку години. Обвинувањата за селективна правда беа една од причините што стотици граѓани излегоа на улиците во Скопје да протестираат по смртта на младата Фросина Кулакова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ