Ерик тен Хаг како играч го носеше дресот на Твенте, потоа работеше во клубот и како тренер, па пред вечерашниот натпревар говореше како ќе биде многу погоден од тоа што ќе му нанесе болка на саканиот.
Сепак, ваквите коментари му се удрија од глава, Твенте вечерва го сопна Манчестер јунајтед и си замина со бод од гостувањето на Олд Трафорд во 1. коло во Лига Европа.
„Ѓаволите“ поведоа во 35. минута, Ериксен начека една одбиена топка и прекарсно погоди на подалечната статива за 1-0.
Сепак Данецот на крајот беше трагичар, дозволи да му биде одземена топка во опасната зона и ламерс го матираше Онана за 1-1 и поделба на бодовите.
На останатите натпревари од 21 часот, Андерлехт со 2-1 го совлада Ференцварош, Лацио со 0-3 беше подобар од Динамо Киев, Галатасарај дома го совлада ПАОК со 2-1, Славија Прага со победа замина од Бугарија во дуелот со Лудогорец 0-2, додека средбите Мјитиланд – Хофенхајм и Ница – Реал Сосиедад завршија без победник 1-1.