четврток, 31 октомври 2024

Командир во тетовската касарна барал 3 до 4.000 евра за да се помине на конкурс за офицери

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничениот, на 18 и 19 мај во Скопје, со умисла поттикнал една осомничена -професионален војник во Армијата на РСМ, директно да побара и да прими парични средства во износ од 3.000 – 4.000 евра, од еден оштетен за да изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. За таа осомничена обвинителството веќе поведе постапка , а во текот на истрагата обезбеди докази кои даваат основано сомнение за поттикнувачот.

Таа, сакајќи да му помогне на нејзин колега – кандидат на конкурс за прием на офицери, го контактирала сега осомничениот, а тој ѝ кажал дека ако сака оштетениот да биде избран, тој ќе треба да плати 3.000-4.000 евра. Се договориле паричните средства оштетениот да ѝ ги предаде на осомничената, а таа да му ги предаде на командирот од Тетово. При примопредавање на средствата, осомничената беше затекната и лишена од слобода.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор и за осомничениот за кого денеска беше отворена истрага“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Претходно соопштение имаше и МВР во кое се вели дека единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) денеска до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Џ.(46) од Тетово, за сторено кривично дело примање поткуп, предвидено и казниво по чл.357 од Кривичниот законик.

„Вработена како професионален војник во Министерство за одбрана, против која на 19 мај годинава веќе е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело примање поткуп, по претходен договор за извршување на делото со пријавениот А.Џ., службено лице вработено во Министерство за одбрана – касарна Тетово, од друг вработен во Министерство за одбрана побарала парична награда во износ од 3.000 евра, кои требала да му ги предаде на А.Џ.. Паричната награда требало да му помогне на оштетениот да биде избран на конкурс за офицери објавен од страна на Министерството за одбрана, а А.Џ. да изврши службено дејствие што не смее да го изврши. Со вака превземените дејствија пријавниот А.Џ. сторил кривично дело „примање поткуп“, предвидено и казниво по чл.357 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ