понеделник, 8 декември 2025
Сашо Маневски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

„Возвишените“ ЕУ вредности

Гласање за извештајот за Македонија во ЕУ парламентот, потврди непријатни констатации за нашите безалтернативни политички елити кои влезот во ЕУ го гледаат како единствено решение.

Прво, кршењето на основните човекови права и ксенофобична политика против Македонците е длабоко навлезена во Европскиот парламент, а бришењето на македонскиот јазик од извештајот, е доказ за ксенофобичната политика.

Но, Европскиот парламент не е единсвената институција во креирањето на анти-македонски политики во рамките на ЕУ. Европската Комисија и Судот за правда во Луксембург, се исто така коспонзори на антимакедонската политика. За потсетување, Нов АСНОМ заедно со забранетиот Македонски клуб од Благоевград, поднесе претставка против Бугарија во Европската Комисија во септември 2023 за кршење на фундаменталните права на граѓаните на ЕУ (член 12), правото на формирање граѓански здруженија. Претставката беше одбиена од Европската Комисија. Потоа поднесовме тужба против Европската Комисија во Судот за правда врз иста основа. Судот за правда ја разгледа тужбата против Европската Комисија и се прогласи за ненадлежен да го решава горчливиот проблем. Со ваквите постапки, Европската Комисија заедно со Судот за правда, покажаа дека кршењето на основните човекови права на Македонците и неследењето на европското право внатре во Европската Унија е системска и е навлезена во сите институционални пори во ЕУ. Носители на ваквата антимакедонска политика се грчката и бугарската држава кои ги користат ЕУ институциите за спроведување на нивните политики. За жал, преку Преспанскиот и Договорот за добрососедство со  Бугарија антимакедонската политика е длабоко навлезена во нашето општество и последиците ги чувствуваме секојдневно.
Второ, целокупната политика на ЕУ е безалтернативност, водена од водечкиот македонски политички естаблишмент, тоа е стратешка грешка и секојдневно доживува дебакл на сите страни. Тоа се манифестира преку нови бугарски уцени и понижувања или пак понижувања од страна на ЕУ парламентот. Политичката траекторија наметната под условите содржани во Преспанскиот и Договорот со Бугарија неминовно носи кон правно самоуништување на Македонците.
Нов АСНОМ се залага за бескомпромисно следење на политичката волја на  македонската нација содржана во референдумската волја од 8 септември 1991 и 30 септември 2018 година, како и за креирање на функционално општество каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности за лабав живот во здрава животна средина. Ова подразбира преземање на фундаментални реформи како департизација и намалување на државната администрација, тотално независно судство, јавно обвинителство кое вистински ќе се справи со политичката корупција, образование кое ќе креира вистинско знаење, современи здравствени услуги и независна енергетска политика.
Нашата вистинска и единствена македонска национална безалтернатива е враќањето на името Република Македонија која ќе почива на АСНОМ-ските, сега избришани принципи. Оваа наша национална безалтернатива е вистинскиот чекор кон подобро утре каде што ние Македонците ќе се чувствуваме свој на свое. Колку побргу ова го спознаеме како нација, толку подобро. Нов АСНОМ е подготвен за сите предизвици кон нашиот безалтернативен национален пат наречен Република Македонија.

Сашо Маневски, претседател на организацијата Нов АСНОМ

(Поддржано од Наша Македонија, организација од Австралија)

КОЛУМНИ

Билјана Ванковска

Како изгледаат среќни луѓе?

Јове Кекеновски

ВМРО и Европа: Православието како дел од европската цивилизација наспроти теоријата...

Божин Павловски

Бугарите можат и подобро

Ристо Цицонков

Нема „парно“…

Сања Велкакова

Што ги турка младите надвор, и што би ги вратило назад

Александар Грижев

Фрагментирани институции, силни манипулациски кампањи: зошто ни треба интегриран одговор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ