понеделник, 8 декември 2025
Билјана Ванковска

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Отворено писмо до претседателката на Македонија

Ви се обраќам намерно на начин на кој Вие тоа го преферирате, во женски род. Всушност, Ви се обраќам како професорка на професорка, жена на жена, мајка на мајка, баба на баба. Верувам дека кога се зборува за геноцид, за изгладнување на деца како оружје во етничко чистење и вршење најголемо злосторство против човечноста што историјата го видела во „живо“, ова отворено писмо е порака и од најголемиот бПочитувана претседателке на Републиката,рој граѓани. Иако никој не нè прашува за мислење и не нè пребројува, убедена сум дека мнозинството во Македонија (без разлика на пол, вера, социјална положба, политичко убедување) разликува Добро од Зло.

Ви пишувам токму во овој момент кога со восхит разговарате со поетите покрај бисерното езеро и зборувате за Зборот, за поезијата презентирана на Струшките вечери. Но, дозволете да Ве потсетам на познатата мисла на Теодор Адорно дека „пишувањето поезија после Аушвиц е варварски чин.“ Но, дека не е во право увидел и самиот. Денес, во овој најтемен момент на човештвото, поезијата е чин на отор во Газа. Секојдневно преку социјалните мрежи стасуваат криците на децата кои умираат од глад, жед, бомби и излечиви болести – замислете, преточени се и во стихови и во други уметнички изрази. Значи, и смртта одбива да биде замолчена, одбива тишина и праќа пораки до нас, живите. Само неколку недели пред да биде убиен од израелски воздушен напад, палестинскиот поет Рефаат Алареер ќе ја сподели својата песна „Ако морам да умрам“. Во неа тој порачува: „Ако јас морам да умрам/ти мораш да живееш/за да ја раскажеш мојата приказна“. Зборовите опоменуваат од гробот! Поетот Мосаб Абу Тоха е добитник на овогодинешната Пулицерова награда. Не престанува да пишува, иако мина низ ужасна тортура пред да се најде на безбедно место. Некогаш тоа не се ни стихови, туку само листа на имиња и фотографии на невините деца и цивили кои и лично ги знаел.

Чудно е што народ и земја кои често знаат да се самосожалуваат и бараат правда за сето она што им е сторено и му се чини и денес, молчи. Молчи и власта која ја избра со огромен број гласови на последните избори. Но, еден ден, сосема скоро, и нашите/вашите внуци ќе прашуваат, исто како децата во Германија по Втората светска војна: „А каде беше ти кога се случуваше геноцидот во Газа? Што стори за да го спречиш? На чија страна беше?“.

Вистината е тешко да се скрие кога страдањата се снимени не само од мачениците, туку и од нивните убијци. Во Газа убиваат луѓе и кога молат за леб и кога умираат од глад во шатори. Не верувам дека тоа не го знаете и покрај сите Ваши државнички обврски. Ваша обврска е да го знаете сето ова. Зошто, тогаш, молк? Или општи фрази за „мирот во светот“, што им прилегаат на некои други млади жени, но не и Вам. Интелектуалка, професорка, хуманистка и претседателка (во женски род).

Официјална Македонија, на наш голем срам, молчи. Не, не само што молчи, туку и соучествува во злосторот со нечинење. Парламентот, за кој во кампањата велевте дека ќе го користите за јавни обраќања, одби да изгласа хуманитарна помош за децата во Газа. Да, да, како професор ги знам Вашите (ограничени) надлежности. Ги знаете и Вие. Но, и покрај тоа нè уверувавте дека сте субверзивна, бунтовна, дека ќе бидете гласен претседател. Владата, која има примарна надлежност во оваа сфера, очигледно не гледа Зло, не слуша Зло, не говори за Злото. Всушност, понекогаш дури и мислам дека ја зазела погрешната страна на историјата – онаа која би ги преселила Палестинците во Сомалија за да изгради „бјутифул“ Лас Вегаз. Забележливо е дека на Вашите посети на меѓународни форуми ретко кога не сте во придружба на Вашиот поранешен студент, сегашен млад министер за надворешни работи. Иако не сте член на владејачката партија, Вашите контакти со неа Ви даваат основа да ги свикате на консултации околу надворешната политика. Или барем еден кафе-муабет на убавата тераса над мирното езеро… Впрочем, Вие ја споделувате надлежноста во таа сфера. А за разлика од нив, Вие ја претставувате државата дома и во странство. Вие сте (или треба да бидете) моралниот авторитет кој, во крајна линија може да се обрати и опомене и преку медиумите. Да биде државник дома, ама и во странство. И наместо да спасува океани, да се обиде да спасува деца.

Знаете ли дека три четвртини од членките на ООН ја имаат признато Палестина? Дури и Вашата „втора татковина“ како што љубите да ја нарекувате Словенија, дежелата во која достигнавте највисоки дострели во образованието, поставува примери: ја призна Палестина како држава, и воведе економски санкции кон Израел. Знаете ли дека Македонија е единствената балканска држава што ја нема признаено Палестина? Охрабрете се! Дури и Вашите стратешки партнери, како Обединетото Кралство со кое тукушто склучивме договор, вели дека подготвува признавање на Палестина идниот месец за време на заседанието на Генералното собрание на ООН. Вашиот пријател Макрон, кого го сретнавте неколку пати на мултилатерални средби, ја има истата намера. Се поставува прашање: дали во Скопје (и Охрид) владее страв или недоумица пред геноцид? Знаете дека сме потписничка на Конвенцијата против геноцидот и дека имаме не смао право, туку обврска да дејствуваме за спречување и казнување на таков чин. Не собравме сила да се придружиме ни на колективната тужба пред Меѓународниот суд на правдата и Меѓународниот кривичен суд. Молчиме. Се правиме дека не постои свет, ѕвезденото небо и моралот над нас (како што велеше Кант, кого го цитирате често). Зборувате за општествен договор со природата, а не гледате како власт дека луѓе умираат само затоа што се Палестинци. Патем, и древните стогодишни маслинови дрвја се уништени во Газа. Од каде ќе дојде маслиновото гранче?

ООН официјално прогласија глад во Газа, глад од досега невидени размери. Се смета дека за голем број од прегладнетите луѓе веќе нема спас, дури и ако стаса хуманитарната помош. Да биде уште поочајна ситуацијата, овој глад не е поради недостаток на храбра, туку поради садистичка желба храната да стане оружје, да не се достави таму каде што треба. Грубо кажано, таа е дел на „Финалното решение“ на Палестинското прашање.

Искрено, Ви пишувам со малку надеж дека овој апел ќе смени нешто. Но, морам да Ви го напишам ова за да нема изговор дека не сум зборувала, не сум направила нешто – макар и да е безнандежно, кај политичари кои мижат пред Газа која одамна ја надмина Хирошима по степенот на деструкција. Би сакала, доколу и оваа година нè претставувате пред Генералното собрание во Њујорк да не зборувате за европските интеграции, за неправдите кои ни се нанесени, а најмалку за „недовршената европска симфонија“. Драга колешке, претседателке на Македонија, европската симфонија е сега војнички марш. И вие тоа мора да го знаете. Во најмала рака, преку НАТО и „данокот на нашата сиромаштија“ од 5 отсто за воено-индустрискиот комплекс на нашиот најголем сојузник. А и милитаризацијата ја уништи меката моќ и вредносната политика на ЕУ, бившата Венера. Би сакала во Вас да проговори Човекот, Мајката, Жената – и таму да го дигне гласот во име на Палестина. Доколку остане нешто од неа до крајот на септември. Но, водење политика со очи ширум затворени нема да биде оправдание за никакви задоцнети солзи.

Нашиот народ знаел и минал низ Голготи. Нашиот народ сочувствува, тагува, станува гневен преднеправдатана Палестинскиот народ кому му зедоа сè – освен достоинството. Очекуваме нашите политички претставници да бидат нашиот глас, гласот на страна на жртвите на геноцидот. Нашиот колега од Принстон, 95-годишниот Ричард Фолк, кој застана на македонска страна кога ни беше најтешко во 2018 година, сега го води Трибуналот за Газа и повикува на хуманитарна интервенција на ООН. Придружете му се. Вие сте на страната на моќта. Ние немаме ништо освен зборови. И емпатија.

Со почит,

Проф. д-р Билјана Ванковска

КОЛУМНИ

Билјана Ванковска

Како изгледаат среќни луѓе?

Јове Кекеновски

ВМРО и Европа: Православието како дел од европската цивилизација наспроти теоријата...

Божин Павловски

Бугарите можат и подобро

Ристо Цицонков

Нема „парно“…

Сања Велкакова

Што ги турка младите надвор, и што би ги вратило назад

Александар Грижев

Фрагментирани институции, силни манипулациски кампањи: зошто ни треба интегриран одговор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ