понеделник, 8 декември 2025
Мухамед Халили

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Македонски социјалдемократски нон пејпер

Нашето  политичкото искуство и политичка реалност нѐ учи дека од почетоците на осамостојувањето на Републиката, СДС пред граѓаните се претставуваше како „мирољубива“ политичка партија, која учествувала и ги помогнала сите најважни политички процеси, како што  биле напуштањето (со тешки душевни маки и од притисок на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ) на југословенската федерација, осамостојување на државата (што никогаш јавно не го посакуваа оти земјата „не можела“ сама економски да опстојуваа), менување на името на државата (единствено вистинито), „зачленувањето“ на  земјата во НАТО и негување на децениската надеж за влез во Унијата која и ден денеска остана неостварлив сон поради бугарски непринципиелни условувања.

Покрај овие измислени „вистини“, најголемата вистина е дека  СДС (голем исклучок 15 септември 2001 год) во овие минати три децении никогаш не ги добила изборите, а секогаш со помош на внатрешни или надворешни фактори составила влади во кои  помалите партии (посебно албанските!) го имале мнозинскиот пакет, а СДС ги уживал привилегиите на власта.

Тоа беше непишано правило: или мандатарот ќе им го повтори мандатот за состав на влада со образложение дека тој не бил сигурен како „народот“ ќе ја прими веста во случај мандатот да го даде на ПДП (случај Глигоров 1993 год.) или УДБА, секогаш присутна со главниот протагонист во која било афера и влада, со висок фукционер на СДС(!) ќе ги замешаше прстите во организирање на разни афери на прислушувања за соборување на властите („Сина птица„ „Големо уво, 2000 год., „Бомбите“ на Заев, 2015 год.).

Тие години, неуспешната приватизација и кражбата симболизирана преку пирамидалната штедилница „ТАТ“ економски ја упропасти државата. Директорката на пирамидалната штедилница „ТАТ“ стана куќна пријателка на Глигоров и беше прогласена жена бизнисмен на годината!

Правната држава затаи и СДС ги губеше изборите.

Еден мандат потоа самата опозиција помагаше на настаните оти Георгиевски и Гошев ги бојкотираа изборите и тоа беше едно очекувано убаво „добро ми дојде“ за СДС.

Бомбите“ на Заев  борба за демократија или организиран „пуч“?

Нема сомнение дека најбурните години во историјата на државата беа од 1998 до 2024, време кога наизменично се менуваа влади од лева и десна провиниенција. После широката коалиција и успехот со потпишувањето на Охридскиот договор  кога изгледаше дека земјата конечно оди на прав пат за времето на владеењето на СДС со ДУИ, дојде една коалиција меѓу Алија и Никола кога се појавија двајцата „мохиканци“ во тандем на политичка сцена и преку нивното заедничко владеење, кое во суштина беше криминално владеење и земјата ја приближија до пеколот: партизација. непотизам, корумпирано судство, највисок степен на корупција во сите сегменти на живеењето и масовен грабеж на државниот имот.

И така, после, се појави Заев со неговите бомби, како Бошко Буха во партизаните.

Некои велеа дека „бомбите“ му ги дале странските служби за да ја урне власта на Никола кој не прифаќаше „менување на името на државата“.

Другите спротивното: Заев „открил“ дека  Мијалков си ги „криел“ бомбите во „зеленото комби“кои автоматски прислушувале политичари, интелектуалци, новинари и секого освен него и Никола како тогаш обвинуваше Заев.

И така, после 11 години криминално владеење, со цел да  ги сокрие траговите на таквото владеење, познавачите на состојбите од тие времиња велат дека Али го „сокри“ Никола во унгарската престолнина и после тоа и неговиот преведувач и шеф на кабинет Артан Груби, за кого тој изјавил дека се наоѓа некаде блиску, сигурен, здрав и жив во една од блиските наши земји и ќе се врати во земјата веднаш кога судството ќе почна да функционира независно од политиката!

Денеска Алија го брани Никола пред албанската јавност со пофалби дека бил добар премиер, дека со него „чесно“ владеел 11 години и исполнил многу „права на Албанците“ меѓу кои најважното и неговата лична амнестија. Се знае, доброто се враќа со добро!

Сепак, вели тој,  многу нормално било него да не го сакале Албанците оти секогаш бил мета на медиумите, бил многу пати „непотребно“ критикуван, и така е создадена клима против него. Ама тогаш ќе го вратиме дома, иако еднаш не успевме од резиденцијата на Пендаровски.

Алија и другите измеќари на Никола не се задоволни со премиерот Мицкоски оти секој негов напад на корумпирани лица кои бесконечно ја пљачкале државата го сметаат како напад врз Албанците. Посебно лут му е Али што Мицкоски како услов за влез во Владата му дал да го научи македонскиот јазик што за време на СДС Али ретко го употребуваше оти Артан  Груби секогаш беше до него како преведувач. Се сеќаватели на она на Груби: „Никогаш не сум сторил нешто без амин на Ахмети„ ?!

И тој за негов инает, иако не успеал 23 години, условот на Мицкоски го исполнил за три месеци во опозиција и на Македонците, неодамна им се обрати на чист македонски јазик за да ја убеди македонската јавност дека е „фит“, демек печен, за влада за да тие да вршат притисок врз премиерот конечно да ги земе во коалиција и да го „брка“ Влен од влада. И тоа веднаш по локалните избори!

ДУИ „го закопа“ СДС на парламентарните избори

Историски пораз доживеа СДС на последните парламентарни избори како никогаш досега.

Димитар Ковачевски, последниот претседател на партијата, после парламентарните избори го обвини ДУИ дека со нивните криминални постапки (кога Груби навистина претера со Бехтел и Енка) го „закопаа“ СДС и дека во иднина нема да коалицираат со оваа партија.

Филипче сега се пишманил и во договор со Апасиев од Левица, сака коалиција со Али на локални избори за да Влен не добие „албански легитимитет“ и веднаш да се оди на парламентарни избори! За Апасиев е многу нормално оти тој како ленинист, енверист ќе има идеолошки партнер за состав на локална власт, тоа е ленинистот и енверистот Али Ахмети. Но, Апасиев е поголем енверист од него и пред две години тој плачеше над гробот на Енвер Хоџа, додека Али плачел за време на неговиот погреб, и тоа во отсуство, бидејќи Албанија тогаш била затворена земја, така што тој и ден денеска не го посетил неговиот гроб.

Сепак, Ковачевски донекаде беше во право под услов да не заборавеше дека двете партии беа ортаци во организираниот криминал, корупцијата, непотизмот, партизацијата, злоупотребата на власта.

Царината, МЕПСО, МНАВ , Телеком, беа институциите резервирани за синовите, ќерките, сестрите, браќата и другите роднини на функционерите на СДС и ДУИ.

Некогаш нивните деца , кога криминалот строго се казнуваше, се шетаа по улиците со искинати панталони (тогаш голема срамота!), а сега истите ги гледаш како возат бугати, порше, ламборџини и ферари и со по неколку десетина евра во џеб ја купуваат неколку милионската „Соравиа“. Османи, обвинува Влен, ѝ давал  милионски тендери на „Еуровиа“ за време на претседавањето со ОБСЕ, неколку недели после неговото срдечно ракување со русинот Лавров.

Тоа време, на објавените конкурси уште во три часот сабајле, изјавуваше тогашниот премиер Ковачевски, се знаеше кој од  синовите и ќерките на функционерите на овие две партии, без факултетско образование, се избрани во Академијата за судии и јавни обвинители.

Апашите од земјата во соработка со службите, ги снабдеа апашите од странство со македонски пасоши. Неколку стотини и повеќе такви!

СДС бара премиерот Христијан Мицкоски да го разреши вицепремиерот Фетаи

Откако премиерот Мицкоски реши да не го вклучи во Влада Али Ахмети и неговата тајфа поради незнаење на македонскиот јазик, лидерот на опозицијата  Филипче преку прес бараше премиерот да го разреши вицепремиерот на Влен Арбен Фетаи затоа што на прес не се обратил и на македонски, оти не го знаел јазикот.

На тоа премиерот одговори: Да постапеше нешто така, како што сега бара СДС, таа партија  23 години никогаш не ќе можеше да состави влада оти ај што Али не знаел македонски и му се простува како лидер на партија, туку ниту министрите Дураку, Џафери, Нуредини не требаше да бидат во Владата на СДС оти со години ниту една реченица не можеле да составаат на тој јазик!

Но, иако Ахмети, преку неговото јавно писмо и јавно видео обраќање до Македонците на чист македонски јазик, им покажал на дело на тие од ВМРО дека конечно научил да зборува на македонски јазик за да тие со одушевување  го убедат премиерот Мицкоски да ги зема во Влада, сепак  премиерот објавува дека  нема шанса да го земе во Влада после локалните избори, кој одбива да го стори тоа оти е убеден дека после тешкиот пораз конечно на локално ниво Али и самиот полека се спрема за политичка пензија.

Мухамед Халили

КОЛУМНИ

Билјана Ванковска

Како изгледаат среќни луѓе?

Јове Кекеновски

ВМРО и Европа: Православието како дел од европската цивилизација наспроти теоријата...

Божин Павловски

Бугарите можат и подобро

Ристо Цицонков

Нема „парно“…

Сања Велкакова

Што ги турка младите надвор, и што би ги вратило назад

Александар Грижев

Фрагментирани институции, силни манипулациски кампањи: зошто ни треба интегриран одговор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ