понеделник, 15 декември 2025
Рајко Пеколски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Дoзвола за непостоење

Повести за многупоучните бесрамно бесмислени и несомнено вистинити авантури на многунепочитуваниот даночен обврзник потрошувач гласач и дисциплиниран пушач Неговото граѓанско Височество - граѓанинот Шљупков и за тоа како тој виде посведочи и доживеа многу згоди и незгоди во Апсурдистан и северно од него извлекувајќи високопоучни слова за граѓанските доблести на послушноста политичката коректност јавниот ред и морал правото и демократијата или скратено – таму негде јужно на север.

Еден ден граѓанинот Шљупков доби известување од Метафизичката управа дека повеќе не постои.

Меѓутоа, бидејќи Метафизичката управа ригорозно се држеше до владеењето на правото и процедурите, граѓанинот Шљупков беше повикан да го регулира статусот на своето непостоење, односно да извади дозвола за непостоење.

Непостоечкиот граѓанин Шљупков се упати кон шалтерите. Меѓутоа, на кој и шалтер да отидеше, секогаш се испоставуваше или дека му фали некаков документ, или дека постоечкиот документ што го има е неважечки… И така, непостоечкиот граѓанин Шљупков постојано мораше да вади или обновува најразлични документи, кои бараа други документи, кои бараа таксени марки и уплатници во толку различни бои, што дури и виножитото ѝ позавиди на шарената креативност на апсурдистанската администрација… се́ додека граѓанинот Шљупков не собра еден куп уплатници и таксени марки во различни бои и изгуби еден куп пари во речиси исто толку бои… И ако нешто навистина го изгуби своето постоење во сиот тој процес, тоа, верно, беа нервите и парите на Шљупков.

Најпосле, во целата таа ситуација, граѓанинот Шљупков беше принуден да не постои без правно регулиран статус на непостоење. Или, со други зборови, граѓанинот Шљупков не постоеше на диво.

Само колку некој да не помисли или рече дека славната апсурдистанска администрација е  неспособна – далеку од тоа, напротив, таа е само темелна и се држи до правото и процедурите, беспрекорно и тврдокорно! Еве, на пример, на граѓанинот Македонски му беше издадена забрана за постоење по експресна постапка!

 Рајко Пеколски

КОЛУМНИ

Кристина Пота Радуловиќ

Она што не се случило, а ни било потребно

Димитар Љоровски Вамваковски

„Јас ги судам работите како Македонец“ – необјавено интервју на Христо...

Александар Иванов

Трагедијата на нарцисоидните народи: Како Европа ја изгуби иднината во Украина

Јове Кекеновски

Европска критика на погрешна адреса: како менаџерски неуспех се претвори во...

Билјана Ванковска

Огледалце, огледалце мое: Трамповата Стратегија за национална безбедност и американските илузии

Далибор Ступар

Зошто Србија толку многу се плаши од Русија?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ