среда, 26 февруари 2025

Колумбискиот претседател го критикува Зеленски: Се борат со своите словенски браќа и на крајот ѝ ја даваат Украина на Америка

Колумбискиот претседател го критикуваше украинскиот план да потпишат договор за ретките минерали со Соединетите Американски Држави, нарекувајќи го глупост на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е глупост на Зеленски, го кажувам тоа јасно, што дозволи да го изманипулираат западните Европејци, и сега Украинците не знаат каде одат, кон Хитлер или кон ништо. Се борат со своите словенски браќа и на крајот им ја даваат Украина на Американците. Глупост“, напиша Густаво Петро на социјалната мрежа Икс како реакција на веста за потенцијалниот договор меѓу Киев и Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 3 февруари потврди дека е заинтересиран за ретките руди од Украина. Тој додаде дека војната во Украина мора да заврши и дека САД мора да добијат нешто за возврат ако продолжат да го помагаат Киев.

Трамп вчера изјави дека Зеленски ќе го посети во петок. Сугерираше дека е отворен за состанок додека траат преговорите за ретките минерали. „Слушнав дека доаѓа во петок. Сигурно, за мене е океј ако сака да потпише заедно со мене. Сфаќам дека тоа е голем, многу голем договор“, им кажа Трамп на новинарите во Овалната канцеларија на Белата куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ