Еве да се вратиме на последните денови на СФРЈ. Возилата на Застава тогаш беа апсолутно мнозинство на југословенските патишта, а само ретки можеа да дојдат до нов автомобил од Западот.
Најевтин модел на Застава беше југо 45 корал, а беше и втор најевтин модел на пазарот. За него беа потребни 30 тогашни просечни плати, а купувачот со месеци го чекаше својот примерок, пишува Индекс.
Најевтин автомобил на југословенскиот пазар беше фиат 126, популарната „пегличка“. За овој мал градски автомобил требало да се издвојат 19 просечни плати. овој автомобил тогаш се произведуваше во Полска, односно во Источна Европа.
Следен по достапноста беше исто така источноевропски автомобил, шкода 120Л, за која просечен Југословен требаше да издвои 31 плата.
За да се возите во ново рено 4 ГТЛ, кое се склопуваше во Југославија, беа потребни 35 просечни плати.
За застава 101 со 5 врати 38, за москвич алеко 42, а за лада самара дури 54 плати.
Тогаш тукушто лансираната застава флорида можеше да се купи во противредност од 75 плати.
Голфот тогаш исто така се склопуваше во нашата земја, во Сараево, а за дизелаш тогаш требаше да се издвојат дури 96 просечни плати.
Интересно е што опел кадет 1,2 ЛСЈ, кој излегуваше од монтажните ленти на фабриката во Кикинда беше поскап од голфот – 102 плати.
Дел од Југословените можеа да купат и луксузни увозни автомобили од Западот, ако економската моќ тоа им го дозволувала.
Цената на моделот волво 740 ГЛЕ изнесувала дури 265 просечни плати, а во понудата беа и алфа ромео 164 V6 (322), рено 25 V6 (404) и БМВ 750 ил (912 плати).
Апсолутен рекордер на оваа листа е мерцедес 560 СЕЦ, за кој требаше да се издвојат 1.231 плата.