петок, 27 декември 2024

Колефски: Никој не може да го негира она што го остваривме за Пустец

Објавено на

часот

Сподели

„Заедно постигнавме многу успеси, со задоволство сакам да споделам со вас некој од поважните постигнувања: изградба на водовод за осум села и 24 часа снабдување со вода за пиење во цела општина Пустец, изградба и реконструкција на музејот посветен на големиот писател од македонско потекло Стерјо Спасе во село Глобочени, реализиран преку проектите ИПА на Европска Унија. Овој проект е избран од ЕУ како најдобро реализиран проект од овој повик. Општина Пустец учествуваше со кофинансирање со 15 отсто од вкупната вредност, како и со 20 отсто ДДВ, реконструкција на гимназија „Митре Колефски и Трајан Ѓеорѓиевски” во Пустец и систематизација на спортските објекти на гимназијата. Остварувањето на долгоочекуваниот сон на жителите од општина Пустец, за легализација на објекти, со помош на општина Пустец во соработка со АШК Корча, овој процес успешно продолжува“, наведува Колефски.

Тој додава дека се затворени шест депонии од вкупно осум и функционирање на услугата за чистење во сите села, потоа чистење на земјоделски канали во село Долна Горица, Пустец и Зрноско, набавка на багер кој е во функција на земјоделството за чистење на каналите во сите села во општината.

„Обезбедување корпи за отпадоци за сите семејства во општина Пустец, рехабилитација на реката во село Пустец, чистење на резервоарите во село Леска, кои им служат на земјоделците, подобрување на уличното осветлување на главните улици на село Пустец со лед-светилки, чистење на јавните плажи во општината, реставрација на пештерските цркви во соработка со волонтери од европското културно наследство, реконструкција на потпорни ѕидови во сите села, промовирање на вредностите на културното наследство на областа на Преспа преку МИК-фестивалот, организирање Зимски фестивал и Ден на виното, придружени со панаѓур со традиционална храна и производи од областа на Преспа, логистичка поддршка за снимање на емисијата „Везилка” преку која се промовираше, традиционалната храна и македонската култура, традииции и обичаи на Македонците од општина Пустец, поставување мостови на брегот на езерото за пристап на чамците, поставување мобилен објект за здравствениот дом во село Туминец, успешно се справивме со пандемијата и бевме блиску до сите семејства да помогнеме со хуманитарна помош“, посочува Колефски.

Според него, успешено го реализирале прекуграничниот проект „ИТ Култура” – развој и промоција на културното богатство и туристичките дестинации, поставени се информативни табли на најважните туристички и културни дестинации, информативни монитори на сите влезни места во општина Пустец, изграден е Газибо во селото Туминец, поставени се скали во пештерските цркви во месноста Осо.

„Успешно го реализиравме прекуграничниот проект „Net Metering”. Преку овој проект се поставени 17 столбови со лед светилки со соларни панели, противпожарната служба целосно ја опремивме, ги подобривме спортските терени во Долна Горица, условите во сите училишта (смена на сите клупи и столови исто така и врати), обезбедивме возила за подигање и транспорт на отпадот, ја подобривме главната електрична линија во Општина Пустец“, стои во објавата.

И да не споменуваме ниту една од овие инвестиции, оценува, фактите се „реални и видливи, ова е промената што ќе ја продолжиме заедно“ и порачува да не потклекнуваат на лаги и манипулации.

Во објавата стои и апел на изборниот штаб упатен до Македонците.

„Драги Македонци! Ве повикуваме на 14 мај, да излеземе масовно и да гласаме за Пали Колефски, човек што ѝ го врати ликот на Преспа, човек што неуморно работи за доброто на сите нас. Преспа беше заборавена од сите влади и градоначалници. Пали Колефски е одличен лидер, менаџер, визионер, со кој ќе одиме само напред за развој на општината. Тоа го покажа во овој мандат со негови безбројни постигнувања, посветени на прекрасните и вредни Македонци на општина Пустец, без чија поддршка не би било возможно да се врати изгубеното време и да се врати надежта за иднината. Така и ќе продолжи“, стои во повикот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ