сабота, 27 јули 2024

Кој му остави на Таравари куршум од калашников пред вратата?

СВР Тетово утрово извести дека пред влезната врата на гостиварецот А.Т. (50) бил пронајден куршум со калибар 7.62. Нашиот сомнеж дека станува збор за домот на лидерот на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, за МКД.мк го потврдија извори од СВР Тетово. Случајот во полиција го пријавил сопартиец на Таравари.

Објавено на

часот

Сподели

Кој и зошто оставил зрно од автоматска пушка калашников? Одговорот ќе го бара полицијата која куршумот го зеде на вештачење. Можеби така ќе се дознае  конректната порака.

„Во 9.34 часот Ј.Џ.(42) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека пред влезната врата од куќата на А.Т. (50) во Гостивар било оставено, односно пронајдено зрно од автоматско оружје калибар 7,62 милиметри. Екипа од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле комплетен увид, пронајденото зрно е фотодокументирано и подигнато за вештачење. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, соопштија денеска од СВР Тетово.

Засега може да се нагаѓа дека станува збор за класична закана кон лидерот на Алијанса за Албанците и тоа да се доведе во контекст на актуелниот партиски раскол во кој Таравари бара приврзаници за неговата одлука на изборите да се оди во коалиција со албанската опозиција, додека приврзаниците на поранешниот лидер, Зијадин Села се за самостоен настап. Села за во сабота закажа Централно собрание на кое треба да се донесе одлуката.

Дотогаш превирањата одат преку медиумите, но очигледно и со одраз преку медиумите и на подземни активности. Синоќа физички бил нападнат Дритон Небиу, директор на Агенцијата за управување со одземен имот кој дал отворена поддршка на Села. како што се претпоставува, од приврзаник на Таравари.

И овој случај полицијата треба да го расветли.

Не е првпат пред избори да се испраќаат закани и во ваква форма. Таков случај, на  oставена експлозивна направа имаше и пред домот на сегашниот технички премиер. Своевремено…пред едни избори.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ