сабота, 27 јули 2024

Закана? Пред влезната врата на гостиварец оставен куршум од калашников

СВР Тетово соопшти дека гостиварец пријавил дека пред неговата влезна врата некој оставил зрно со калибар 7,62.

Објавено на

часот

Сподели

„Во 9.34 часот Ј.Џ.(42) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека пред влезната врата од куќата на А.Т. (50) во Гостивар било оставено, односно пронајдено зрно од автоматско оружје калибар 7,62 милиметри. Екипа од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле комплетен увид, пронајденото зрно е фотодокументирано и подигнато за вештачење. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Фото: Илустрација

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ