Одложена беше и точката за разгледување на Извештај на Комисијата за рангирање на кандидати за избор на судии на Врховен суд и не беше изгласано на дневниот ред да се додаде избор на судии поротници на Основен суд Струмица и Кавадарци.
На Седницата беа усвоени записниците од 481 и 482 седница на Судскиот совет и беше формирана Комисија за измена и дополнување на процедури за работа на Судскиот совет на РСМ.
Судскиот совет продолжи со расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите.
Советот денеска треба да одлучува ипо Известување за итност и неодложност на постапка по Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, како и по Известување за утврдена фактичка состојба по поднесено Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.