Фотографиите покажуваат каква почит кон функцијата претседател покажа амбасадорката и каков е односот кон сопствената држава и норвешкиот идентитет.
Амбасадорката Мелсом, како што е соопштено, потенцирала дека билатералните односи меѓу двете земји се темелат на цврста основа на историско пријателство и истакнала дека тие ќе продолжат да се развиваат и натаму.
Претседателот Пендаровски нагласил дека Кралството Норвешка, иако не е земја членка на Европската Унија, активно придонесува во процесите на европската трансформација на македонското општество.