„Кралевите“ добро се помачија за да забележат прогрес во Копа дел Реј. Избраниците на Карло Анчелоти имаа 0-2 по 25 минути игра, Модриќ го отвори резултатот а потоа Ендрик погоди за дуплирање на предноста.
Но Леганес се врати во игра во финишот на првиот дел, Круз од белата точка намали на 1-2, а истиот играч изедначи на 2-2 по еден час игра.
И кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, младинецот Гонзало Гарсија одлично се снајде по една нафрлена топка и со глава реализираше за 2-3 во 93. минута.