среда, 4 декември 2024

Коцевски покрена дисциплински постапки против Хајрулаи и уште еден обвинител од Вишто скопско обвинителство

Јавниот обвинител на Македонија, Љупчо Коцевски со исклучителна сериозност ги зема апелите од извршната власт и од јавноста воопшто за зголемување на активноста на сите истражни органи, а особено на Јавното обвинителство за борба против корупцијата. Од тие причини, во рамките на своите надлежности, кои се од организационен карактер и не навлегуваат во предметното постапување на јавните обвинители, републичкиот јавен обвинител презема чекори за сериозна реорганизација на силите Јавното обвинителство која овозможува поефикасен кривичен прогон на сторителите на кривични дела особено од областа на финансискиот криминал и корупцијата, се наведува во денешното соопштение на Јавното обвинителство (ЈОРМ). Од ЈОРМ уште информираат дека Коцевски покренал дисциплински постапки против шефот на Виошто јавно обвинителство Скопје и против уште еден обвинител од ова обвинителство поради нестручно и несовесно работење.

Објавено на

часот

Сподели

Во таа насока, велат од ЈОРМ, Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, донел задолжително упатство со кое заради заштита на јавниот интерес и за поефикасно откривање и гонење на кривични дела и нивните сторители, се задолжуваат сите јавни обвинители итно да дадат приоритет во постапувањето по предметите за кривични дела од областа на корупцијата и од особен јавен интерес.

„На ваквите предмети приоритет ќе се дава и во преземањето на дејствијата од страна на истражните центри на јавните обвинителства, а сите обвинители кои имаат во работа такви предмети се задолжени итно да извршат нивно ажурирање во смисла на проверка на преземените дејствија и на веќе издадените наредби и барања и на пристигнатите одговори од надлежни органи и институции. Доколку по издадени наредби и барања не е пристигнат одговор или соодветни податоци од надлежни институции и органи во законски определениот рок, веднаш ќе бидат испратени ургенции за итно постапување“, се наведува во соопштението на ЈОРМ.

Оттаму велат дека Коцевски ги задложил основните јавни обвинители во рок од 10 работни дена по донесувањето на упатството да одржат стручен колегиум со сите јавни обвинители во основните јавни обвинителства на кој ќе го разгледаат обемот на работа на конкретното обвинителство во однос на предмети од областа на корупцијата по број на предмети, подносители, преземени дејствија и активни издадени наредби, ќе ги анализираат предизвиците при постапувањето во таквите предмети и ќе изнесат предлози за нивно надминување со цел поефикасен кривичен прогон.

„Вишите јавни обвинители на вишите јавни обвинителства се задолжуваат во рок од 10 работни дена по донесувањето на упатството да одржат стручен колегиум со сите јавни обвинители во вишите јавни обвинителства на кој ќе го разгледаат обемот на работа на конкретното обвинителство во однос на предмети од областа на корупцијата, предизвиците при постапувањето во таквите предмети во втор степен и предлозите за нивно надминување со цел поефикасен кривичен прогон“, велат од ЈОРМ.

Оттаму потенцираат дека за сите овие активности ќе бидат доставени извештаи до Јавниот обвинител на Република Македонија, а доколку биде констатирано неоправдано одолговлекување на постапките ќе биде извршен вонреден надзор над постапувањето на соодветните јавни обвинители.

„Исто така, Јавниот обвинител ги разгледа записникот и конечниот извештај од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје, како и службените белешки во прилог, и врз основа на наодите за констатираните состојби одлучи до Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност на јавните обвинители да достави предлог за поведување дисциплинска постапка против јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје заради нестручно и несовесно работење во четири предмети во кои се откажал од жалба или обвинение. Предлог за поведување дисциплинска постапка е поднесен и против вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје пред кого била реферирана и со чија согласност била донесена одлука во три од наведените предмети, како и поради констатираните неправилности во начинот на заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство Скопје. Иницирањето на дисциплинската постапка е уште една потврда за посветеноста на Јавниот обвинител да овозможи ефикасен кривичен прогон на сторителите на кривични дела и да побара одговорност од јавните обвинители кои неоправдано ги одолговлекувале постапките или неоправдано се откажувале од кривично гонење“, се наведува во соопштението на ЈОРМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ