Подготвеност за заеднички настап со ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избор на 8 мај досега изразиле неколку партии – Социјалдемократска Унија на Лазар Еленовски, ТМРО на Ванчо Шехтански, ОПЦЕР на Неждет Мустафа, Достоинство на Стојанче Ангелов, СНС на Драгиша Милетиќ, ТДП на Бејџан Илјаз, Демократски сојуз на Павле Трајанов, Македонски концепт на Петар Богоевски и Обединети за Македонија на Љубе Бошковски.
Преговорите се во тек и се очекува деновиве и официјалното потпишување на новите членови на коалицијата.
Актуелни коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ се Социјалистичката партија на Македонија, Демократската партија на Србите во Македонија, Глас за Македонија, Движење за национално единство на Турците, Демократска партија на Ромите, СНС, КПМ, Демократски сили на Ромите, МААК, НЛП и Партија на Власите.
А.Д.