Овој проект, информираат од Кабинетот на Фетаи, поддржан од Владата на Шведска и имплементиран од страна на UNOPS, е важен чекор во напредокот на реформската агенда.
Фетаи истакнал дека борбата против корупцијата е врвен стратешки приоритет за Владата со фокус на зајакнување на механизмите за спречување и справување со неа на сите нивоа.
„Преку ова упатство, Владата има за цел зајакнување на институционалните капацитети за идентификување и справување со ризиците од корупција, создавање на модел на набљудувачки центар за следење на случаите на корупција, базиран на најдобрите практики на земјите-членки на ЕУ, изградба на унифициран пристап на Владата и стандардизирани мерки кои ќе ги зајакнат транспарентноста, интегритетот и отчетноста“, се вели во соопштението.
Овие чекори, како што се додава, се од клучно значење за приближување на Северна Македонија до стандардите на ЕУ и за враќање на довербата на граѓаните во државните институции.