Синоќешниот триумф на Ливерпул од 4-1 во дербито со Челси значеше испишување на нова историја.
Јирген Клоп влезе во одбрано друштво и стана само седмиот тренер со 200 победи во Премиерлигата.
На Германецот му беа потребни 318 натпревари за да стигне до ова постигнување, па надмина неколку легендарни имиња како Сер Алекс Фергусон, Жозе Мурињо и Арсен Венгер.
Пред него е само Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити стигна до 200 победи на 269 натпревари.
Jurgen Klopp gets his 200th Premier League win, and only Pep Guardiola has reached the landmark in faster fashion! pic.twitter.com/P5sPIPLAdi
— Premier League (@premierleague) January 31, 2024