недела, 27 октомври 2024

Клоп го испофали Алонсо: О Боже колку е добар

Се шпекулира дека Чаби Алонсо ќе биде наследникот на Јирген Клоп на тренерската позиција во Ливерпул, Германецот не штеди пофалби за младиот стратег.

Објавено на

часот

Сподели

Чаби Алонсо е импресивен, со тим како Баер Леверкузен прави чуда, досега нема пораз оваа сезона, па неколку гиганти го сакаат неговиот потпис, но се верува дека Ливерпул е фаворит.

„Чаби Алонсо врши неверојатна работа. Дури и ако ме прашавте пред осум недели за Чаби Алонсо, ќе речев: О Боже!“, вели Клоп.

„Следната генерација вќе е тука и би рекол дека Чаби Алонсо се издвојува, тој е исклучителен“.

„На последниот меч Леверкузен беше подобар од Баерн. Не само на контра-напади, едноставно подобар беше. Големо изненадување е тоа што за така кратко време, со млад тим успеа да го направи тоа“.

„Тој донесе супер засилувања, токму тоа што му требаше и навистина извршува многу посебна работа“.

„Чаби Алонсо и кога беше фудбалер веќе беше како да е тренер. Фудбалот кој го игра, тимовите каде што беше, трансферите кои ги направи… апсолутно исклучително“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ