сабота, 19 октомври 2024

Клиниката „Жан Митрев“ додели 80 ваучери за бесплатни педијатриски прегледи за новородечињата од Општина Центар

Објавено на

часот

Сподели

Доделувањето на ваучерите е согласно Mеморандумот за соработка што клиниката го има потпишано со Општина Центар и е традиционална активност која се одвива веќе пет години по ред. Со ваквата грижа kлиника „Жан Митрев“ придонесува за безгрижен и здрав развој на новороденчињата и ги советува родителите за понатамошниот правилен развој.

Ваучерот може да се искористи во следните 3 месеци од доделувањето. Педијатрите на клиниката „Жан Митрев“ ги очекуваат родителите да закажат преглед за своето бебе на телефонскиот број 02 3091 484.  

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ