При проверка на бројната состојба на притворените лица, командирот го пронашол безживотното тело на притвореникот. Веднаш е известен судот, полицијата, јавното обвинителство, информираа од Затвор Куманово.
Од ЈОРСМ денеска соопштија дека е дадена наредба за обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта и ќе се чекаат резултатите од обдукцискиот наод.
Шеесет и седумгодишниот Д.Ѓ. чекаше судење, бидејќи обвинителството го сомничеше за двојно убиство и убиство во обид. Полицијата на 21 февруари, годинава го приведе Д.Ѓ. кој пукаше во сестра си и нејзините два сина со пиштол кој го поседувал со дозвола по семејна расправија. Шеесет и тригодишната Д. Р и триесет и осумгодишниот Т. Р починаа по пукањето, а триесет и шестгодишниот Ж. Р се здоби со прострелни рани. Ден подоцна, обвинителството определи притвор за Д. Ѓ кој го чекаше судењето.