недела, 20 октомври 2024
Истрагата трае

Ќе прифати ли некој адвокат да го брани Палчо за убиството на Вања и Панче?

Дали и кој адвокат ќе се согласи да го брани Љупчо Палевски Палчо, кој е осомничен за грабнување, а потоа и за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, останува отворено прашање. Истражниот затвор Скопје до Основниот кривичен суд Скопје пред неколку дена достави официјално известување дека осомничениот Љупчо Палевски е екстрадиран во Македонија и дека се наоѓа на издржување мерка притвор. Дополнително од затворот го доставиле и барањето на Палевски за ангажирање адвокат што ќе го застапува во текот на постапката, информираа денеска од Основниот кривичен суд Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Но засега е неизвесно дали некој ќе се согласи да го брани Палчо по злосторството што ја крена на нозе, ја потресе, згрози и исплаши целата јавност. Неофицијалните информации се дека Тони Менкиновски, Антонио Апостолски и Славчо Секулов се адвокатите што Палчо би сакал да го бранат во случајот против него. Но и тие треба да дадат одговор дали ќе прифатат. Доколку ниту еден не одговори позитивно на поканата, на Палевски ќе му биде определен адвокат по службена должност.

По повеќе од пет месеци поминати во екстрадициски притвор во Турција, на 15 мај 2024 година во земјава беше екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска на 27 ноември 2023 и на пензионерот Панче Жежовски.

Палевски со конвој од пет возила на Интерпол беше спроведен во Истражниот затвор Скопје во Шутка, откако слета на Меѓународниот аеродром во Скопје со редовна линија Истанбул – Скопје.

Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапкa и преземени се сите дејствија за обезбедување докази против Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски. Тројцата се осомничени за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а за решение во однос на истрагата за првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо ќе се чека по давањето исказ пред обвинител.

Во текот на оваа недела Палевски треба да биде изведен пред судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд за да се изјасни за притворот кој му беше определен во отсуство.

Според досегашните сознанија што ги објавија надлежните, Палевски на 27 ноември лани им давал насоки на Кешишов, Манев и Видевски, со автомобилот на претходно убиениот Панче Жежовски да ја грабнат Вања од зградата во која живее.

Сознанијата за нејзиното излегување наводно ги имале од нејзиниот татко. Откако ја киднапирале и ја ставиле во автомобилот, по пат им се приклучил и Палевски и заедно се упатиле кон Бразда, каде што е извршено убиството. Палевски потоа беше во бегство во Турција, а тројцата соизвршители, кои на 6 декември беа уапсени, ја признаа вината.

Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, на прес-конференција посочи дека куршумот го испукал Палевски. Teлата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски беа пронајдени на 3 декември минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ