петок, 26 јули 2024

Палчо од притвор побарал адвокат, барањето доставено до Кривичниот суд Скопје

Истражниот затвор Скопје до Основниот кривичен суд Скопје доставил официјално известување дека осомничениот Љупчо Палевски е екстрадиран во Македонија и дека се наоѓа на издржување на мерката притвор. Дополнително од затворот го доставиле и барањето на Палевски за ангажирање на адвокат кој ќе го застапува во текот на постапката, информираа денеска од Основниот кривичен суд Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Од Основниот кривичен суд Скопје велат дека во рамки на законските одредби ги издале сите потребни дозволи поврзани со истрагата која е во надлежност на Основно јавно обвинитeлство (ОЈО) Скопје, а барањето на Палевски да добие одбрана е доставено до предложените адвокати за нивно понатамошно постапување.

„Дополнително, судија на претходна постапка во координација со надлежниот јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод на осомниченото лице за негово произнесување во однос на околностите по предлогот на јавниот обвинител за определување на мерката притвор, а за донесеното решение јавноста ќе биде известена“, пишува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

По повеќе од пет месеци поминати во екстрадициски притвор во Турција, на 15 мај 2024 година во земјава беше екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска на 27 ноември 2023 и на пензионерот Панче Жежовски.

Палевски со конвој од пет возила на Интерпол беше спроведен во Истражниот затвор Скопје во Шутка, откако претходно слета на Меѓународниот аеродром во Скопје со редовна линија Истанбул – Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ