четврток, 24 октомври 2024

Кинотека на Македонија почнува нов циклус филмски училници

Од денеска во Кинотеката на Македонија ќе почне нов циклус филмски училници наменет за основци што сакаат да научат што е филм, како се прави филм и самите да направат филм. Филмските училници ќе се одржуваат во десет работни саботи до почетокот на декември, во видеотеката и киносалата на Кинотеката.

Објавено на

часот

Сподели

Координатор на целата програма е режисерот Саша Станишиќ, искусен едукатор и филмски професионалец, а на тематски посветените часови гости предавачи ќе бидат и монтажери, кинематографери, сценаристи, продуценти и филмски професионалци кои ќе ги воведат учениците во тајните на создавањето игран филм.

Овие едукативни сесии, под наслов Филмеј 2024, Кинотеката ги реализира во рамки на поширокиот меѓународен проект ФилмЕД (филмско образование), финансиран од Европската Унија преку програмата Медиа.

Како што соопшти Кинотеката, целта на ФилмЕД е да го промовира европскиот филм и европското филмско наследство за новата и млада публика, да создаде можности за интеракција и разбирање на филмската уметност.

Во изминатите години Кинотеката има организирано филмски работилници и логистичка поддршка на едукативни работилници за филм (организирани од надворешни соработници), но и учествувала во меѓунарони проекти од Eразмус+ програмата кои подразбирале изработка на едукативни модули. Тие се достапни онлајн за обука на оние коишто сакаат да архивираат филмови и да го вклучат филмот во образовниот процес.

„Овој пат, во рамки на ФилмЕД, искуството од филмската училница ќе го преточи во серија снимени туторијали кои преку веб-страницата на Кинотеката ќе бидат достапни за сите наставници кои сакаат да стекнат повеќе знаење за филмот и, преку актуелните образовните програми, истото да го вклучат и пренесат на учениците со кои работат“, соопшти Кинотеката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ