сабота, 27 јули 2024

Кинезите во Земјината кора дупчат дупка длабока 10.000 метри

Објавено на

часот

Сподели

Тесното окно во тлото ќе пробие повеќе од 10 континентални слоја или слоеви на карпи и ќе дојде до карпи стари околу 145 милиони години. „Тоа не беше лесен проект. Конструкцијата на нешто такво може да се спореди со голем камион кој вози на две тенки челични сајли“, кажа Сун Џиншенг од Кинеската инженерска академија, пренесува Блумберг.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во 2021 во обраќањето до водечките национални научници повика на поголем напредок во истражувањето на внатрешноста на нашата планета за да се идентификуваат минералните и енергетските ресурси и да се подобри проценката на ризикот од природни катастрофи, како земјотреси и ерупции на вулкани.

Најдлабоката дупка која човекот ја ископал во Земјата и понатаму е руската супербушотина Кола, која во 1989 година, по 20 години дупчење, достигна длабочина од 12.262 метри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ