Саут Чајна морнинг пост претходно месецов обајви дека научници од универзитетот во Фуџијан развиле исклучително чувствителен детектор за подморници заснован на постоечка технологија, кој може да ги лоцира дури и најнапредните подморници на голема оддалеченост.
Тимот предводен од научникот Жоу Шенгнан објавил труд во стручен магазин за поморски истражувања кој го објавува Кинескиот научен центар за истражување бродови.
Саут Чајна морнинг пост наведува дека тие користеле компјутерски модели за да ја одредат можноста за детектирање на речиси незабележливите меурчиња кои ги произведува нуклеарната подморница.
Меурчињата се формираат кога подморницата крстосува поради зголемената кинетичка енергија и соодветното намалување на потенцијалната енергија изразена како притисок. Ова се случува затоа што вкупната енергија на системот останува константна, но рамнотежата меѓу кинетичката и потенцијалната енергија се поместува.
Извештајот на Саут Чајна морнинг пост наведува дека ова создава турбуленција и може да доведе до електромагнетен потпис преку магнетохидродинамичниот (МХД) ефект, со компјутерски модели кои покажуваат дека сигналите на електричното поле може да се детектираат околу различни делови на трупот.
Истражувачите откриле дека електромагнетните емисии кои ги произведуваат меурчињата флуктуираат со време, создавајќи посебен сигнал во опсег од 49,94 до 34,19 херци.
Водечкиот истражувач Жоу кажал дека резултатите може да се користат како референца за бирање фреквенција за електромагнетната комуникација за брзите подморници, бидејќи сигналите можат да поминуваат големи далечини, да минат низ водата и да стигнат до јоносферата, која ги рефлектира на површината на Земјата.
Одделни експерти тврдат дека тоа би можело да претставува револуционерна промена во подморничкото војување, пишува Ејжа тајмс. Научникот Роџер Бредбери и неговите соработници во напис во од март 2023 наведоа дека е многу веројатно дека океаните ќе станат транспарентни до средината на 21 век, со најмалку 75 отсто шанси во повеќето моделирани случаи, со софтвер кој ги проценува анализите со висока сигурност од над 70 отсто.
Тие такнуваат дека и покрај напредокот на стелт технологијата, подморниците, вклучувајќи ги тие на нуклеарен погон, и понатаму можат да бидат откриени во светските океани поради паралелниот напредок на науката и технологијата.