вторник, 11 февруари 2025

Кинескиот претседател ја прифати поканата на Русија да присуствува на прославата на Денот на победата

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја прифати поканата на Русија да присуствува на комеморацијата на советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна, јави денеска државната новинска агенција ТАСС. „Кинескиот претседател Си Џинпинг ја прифати поканата да учествува на прославата на 9 мај во Москва по повод 80-годишнината од победата во Големата патриотска војна“, изјави рускиот амбасадор во Кина Игор Моргулов за руската државна телевизија, а пренесе ТАСС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кремљ во декември соопшти дека поканил „многу земји“ да присуствуваат на 80-годишнината од крајот на војната, која Русите ја нарекуваат Голема патриотска војна.

Советскиот Сојуз изгуби 27 милиони луѓе во Втората светска војна, но на крај ги потисна нацистичките сили назад во Берлин, каде што Адолф Хитлер изврши самоубиство.

Безусловното предавање на нацистичка Германија стапи во сила една минута по 23 часот на 8 мај 1945 година и се одбележува како Ден на победата во Европа во Франција, Обединетото Кралство и САД. Во Москва веќе беше 9 мај, ден што стана Ден на победата на Советскиот Сојуз во она што Русите го нарекуваат Големата патриотска војна од 1941 до 1945 година.

Денот на победата стана најважниот секуларен празник во Русија. Моргулов рече дека Си, пак, го поканил рускиот претседател Владимир Путин во Кина на кинеското одбележување на крајот на Втората светска војна, кое е планирано за септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ