Салонот е дизајниран според високите стандарди на производителот и нуди доволно
голем простор за изложбено претставување на автомобили. Џевахир Мол Скопје е првиот трговски центар со изложбен салон од вакви размери и што може да понуди егзибициско презентирање на перформансите на автомобил.
Кинескиот Гили е светски гигант во оваа индустрија и е еден од најпродаваните авто
брендови за 2023 година на светско ниво. Гили во својата групација поседува светски
познати брендови како што се Волво, „Линк&КО“ (Lynk&Co), „Полстар“ (Polestar), „Зикр“ (Zeekr) и “Смарт“ (Smart). Палетата на брендови на Гили ја зачувуваат практичноста на кинескиот автомобил, во комбинација со европската ДНК на моторот и размена на технологија помеѓу своите брендови.
Џевахир мол Скопје се отвора на 29 март, а дел од брендовите коишто ќе бидат застапени во свој продажен простор се турскиот бренд за детска облека Панчо, Синсеј, ДеФакто, хипермаркетот Кит-Го, Урбан кафе Франк, Сара фешн и ДМ.