четврток, 6 март 2025

Кинески пратеник: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Специјалниот кинески претставник за европски прашања Лу Шаје рече дека е „згрозен“ од начинот на кој претседателот Доналд Трамп се однесува кон американските сојузници во Европа, додавајќи дека мировниот договор за Украина не треба да го одредуваат само САД и Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кога ќе погледнете како администрацијата на Трамп започна арогантна и доминантна политика кон Европа, третирајќи ги своите сојузници на овој начин, искрено, од европска перспектива, тоа е прилично ужасно“, рече Лу.

„Верувам дека европските пријатели треба да размислат за ова и да ги споредат политиките на администрацијата на Трамп со оние на кинеската влада. Притоа, тие ќе видат дека кинескиот дипломатски пристап го нагласува мирот, пријателството, добрата волја и соработката во која сите добиваат“, додаде тој.

Лу ги даде забелешките на маргините на панел-дискусијата со други високи дипломати за време на годишното заседание на највисокото советодавно тело на Кинеската народна политичка советодавна конференција во Пекинг.

Тој се осврна и на разговорите меѓу САД и Русија, нагласувајќи дека секој мировен процес мора да вклучува признавање и учество на сите релевантни страни, вклучително и европските нации.

„Различните предложени решенија треба да бидат предмет на рамноправна дискусија, наместо да бидат диктирани од неколку избрани“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ