Центарот за следење земјотреси во Вухан на 26 јули известил дека некои точки за собирање податоци за земјотресите се хакирани. Националниот центар за сајбер закани (ЦВЕРЦ) веднаш формирал истражен тим кој нашол многу комплексна програма која одговара на карактеристиките на американските разузнавачки системи, многу прикриен и со цел да украде податоци поврзани со следењето земјотреси, со јасна воено-разузнавачка мисија.
Ду Женхуа, виш инженер од ЦВЕРЦ, кажал за Глобал тајмс дека земјотресите се честа појава во Кина и предизвикуваат тешки загуби на животи и материјална штета. Поради тоа Кина дава големо значење на следењето земјотреси и раното предупредување.
За да се подобри способноста за следење и рано предупредување на геолошки катастрофи, податоците за следење земјотреси вклучуваат не само основни информации како магнитудата и епицентарот, туку и богати географски и геолошки податоци како површните деформации и хидролошки мониторинг, кажал Ду. Овие податоци имаат голема вредност како воено-разузнавачки податоци.
„Овие податоци можат да го прикажат основното функционирање на стопанството и општеството на нашата земја од макро до микро ниво и да пружат сеопфатна поддршка за интегрирано носење одлуки и реагирање во вонредни ситуации. Тие се ресурси за поддршка за територијалната и националната безбедност. Значи, сајбер нападот на центарот за следење земјотреси од страна на американските разузнавачки агенции била планирана и однапред смислена акција на кибернетичко воено разузнавање“, истакнал експертот.
Ду порачал и дека сајбер напад од овој вид е јасно кршење на меѓународното право и сериозно нарушување на националната безбедност и јавниот интерес на Кина.
„Всушност, веќе подолго време, сајбер нападите на САД на клучната информациска инфраструктура на Кина беа сеопфатни, а владините агенции, универзитетите, истражувачките институции и големите корпорации сите беа мета на нивните активности на сајбер шпионирање. САД се обидуваат да ги користат овие неправедни средства за сеопфатно да ги украдат кинеските политички, економски, воени и дипломатски чувствителни информации, да го зауздаат развојот и напредокот на Кина и да се одржи светската хегемонија на САД“, кажа тој.