„Го почитуваме изборот на американскиот народ и му го честитаме на господинот Трамп изборот за претседател на Соединетите Американски Држави“, се наведува во соопштението на кинеското министерство за надворешни работи.
Трамп на изборите на победи демократската кандидатката и актуелна потпретседателка Камала Харис.
Претходно претставничката на кинеската дипломатија Мао Нинг им кажа на новинарите дека Пекинг „ќе продолжи со кинеско-американските односи засновани на принципите на меѓусебно почитување, мирољубива коегзистенција и соработка во која сите добиваат“.