сабота, 30 ноември 2024

Кина ја помина Јапонија како најголем извезувач на автомобили

Кина ја презема круната на Јапонија како најголем светски автомобилски извезувач во 2023 година благодарение не само на зголемената побарувачка на кинески електрични возила, туку и на кинеските автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Објавено на

часот

Сподели

Податоците на кинеската Асоцијација за патнички автомобили покажуваат дека таа земја извезла 5,26 милиони возила минатата година, вклучувајќи не само патнички возила туку и поголеми камиони и автобуси. За споредба, Јапонија извезла околу 4,3 милиони возила во 2023 година. Она што е особено интересно е што автомобилскиот извоз на Кина пораснал без да продаваат возила во САД.

Најголем придонес во растот на кинескиот извоз имаат растечките пазари како Русија и Мексико, како и Европа.

Во самата Кина, продажбата на лесни автомобили пораснала за 5,3 отсто на речиси 22 милиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ