сабота, 19 октомври 2024

Кина и Бразил предложија свои решенија за прекин на конфликтот во Украина, Зеленски веднаш ги отфрли

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли предлозите за прекин на конфликтот во Украина на Кина и Бразил, инсистирајќи на неговата „формула за мир“ и порачувајќи дека „нема да ја јакнат својата моќ на сметка на Украина“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Конфликтот во Украина почна со руската инвазија во февруари 2022 година. Девет месеци подоцна, Зеленски претстави „мировен план“ кој треба да овозможи „праведен прекин“ на војната со повлекување на руските трупи и враќање на територијата на Киев. Москва го отфрли планот.

„Формула за мир постои веќе две години и можеби некој сака Нобелова награда за мир во својата политичка биографија за замрзнато примирје, наместо вистински мир, но единствените награди кои (рускиот претседател Владимир) Путин ќе ви ги даде се мачење и катастрофа“, кажа Зеленски во Генералното собрание на Обединетите нации.

Оцени и дека предложувањето „алтернативни и половични планови за решавање на проблемот“ само ќе му дадат повеќе политички простор на Путин за продолжување на војната.

Кина се обиде да ги придобие земјите од глобалниот југ да се придружат на мировниот план од шест точки кој го претстави во мај заедно со Бразил.

Со тој предлог се повикува на „одржување мировна конференција во време кое ќе го прифатат и Русија и Украина, како и еднакво учество на сите страни и фер расправа за мировните планови“.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се заложи во вторникот за планот во говорот одржан пред Генералното собрание.

„Секој паралелен или алтернативен обид за барање мир е всушност обид да се постигне затишје наместо да се прекине војната“, кажа Зеленски пред полупразната сала.

„Кога кинеско-бразилското дуо се обидува да добие повеќе гласови, и од Европа и од Африка, изложувајќи алтернатива на целосен и праведен мир, се поставува прашањето кој е нивниот интерес: На сите мора да им биде сосема јасно – нема да ја јакнете својата моќ на сметка на Украина“, кажа Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ