„Баварците“ ризикуваа беспари да го загубат Џошуа Кимих откако на почетокот од овој месец ја повлекоа понуда за нов договор.
ПСЖ и Арсенал веднаш доставија предлози, но Баерн Минхен и Џошуа Кимих ги обновија разговорите и на крајот си подадоа рака за нова соработка до јуни 2029 година.
„Во Баерн ја имам најдобрата околина за да ги остварам спортските цели. Ја донесов одлуката на основа на ова. Во моментов нема подобар пакет од соиграчи, тренерски персонал и клупска околина за да остварам максимален успех. Се чувствувам комфорно тука и имам уште многу да понудам“ – рече Џошуа Кимих.